Иако акните најчесто се развиваат на лицето, тие не се застапени само таму. Ако сте повеќе склони кон развој на акни поради фактори како што се хормони или мрсна кожа, може да развиете акни на кое било место на вашето тело – Како грбот, па дури вклучувајќи ги и градите.

Најчести причини за појава на акни на градите и нивни симптоми

Причини за појава на акни на гради

Симптоми

  • Бели врвови 
  • Црнки
  • Цисти
  • Црвени акни
  • Нодули
  • Папули

Причини

  • Промени во вашите хормони
  • Прекумерено консумирање храна богата со шеќер
  • Дехидратација
  • Вежбање: Потта предизвикана при вежбањето може драстично да го зголеми развојот на акни.
  • Несоодветни детергени за перење алишта со бои или парфеми
  • Сува кожа и претерана изложеност на сончеви зраци
  • Маслени навлажнувачи за кожа
  • Шминка и парфеми на кои можеби сте алергични

Како да ги третирате акните на градите во домашни услови

Домашен лек за акни на гради

Постојат одредени домашни совети и работи кои дерматолозите ги препорачуваат да ги практикувате со цел побрзо и полесно да се ослобоидте од несаканите акни, а тоа се:

  • Редовно туширајте се.
  • Користете козметички средства за миење на телото наменети против акни.
  • Еднаш неделно правете ексофлијација на кожата: Особено на засегнатиот дел користејќи соодветни козметички средства, масла и пилинзи.
  • Променете го детергентот за алишта.
  • Носете широка облека.
  • Останете хидрирани

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за акни на гради

Одредени козметички производи наменети против акни бараат временски период од 10 недели, пред да го покажан нивниот целосен ефект, па затоа трпеливоста е клучна.

Но, доколку помине долг временски период без никакви резултати, можеби е време да посетите дерматокол. Тој ќе ви помогне целосно и засекогаш да ги излекувате акните на градите со препишување на орални лекови или антибиотици против акни, со кои ќе се спречи и нивниот понатамошен развој. Дерматологот може да употреби и специфични третмани и хемиски пилинзи за да ги отстрани несаканите акни, оставајќи ја кожата чиста и блескава каква што била претходно.