Ако ги забележите овие 6 знаци во вашата врска, тогаш постои златна доверба меѓу вас и вашиот партнер
Љубовниот експерт Тим Лот вели дека постојат 3 важни аспекти во врската на еден успешен пар: Комуникација, почит и доверба. Според него, довербата е најтешка од сите.
Но, сепак, треба да имате вера и надеж и постојани да вложувате во вашиот однос со партнерот, дури и ако имало некои грешки во минатото, затоа што без нив нема иднина.
Во продолжение прочитајте кои 6 знаци откриваат дека имате одлична врска и дека постои златна доверба меѓу вас и вашиот партнер.
1. Не се плашите да бидете (или да изгледате) свои
Според психолозите, постојат имагинарни и природни односи. Социјалните манири се користат во имагинарни врски, а ние ги користиме за да се претставиме како совршени луѓе.
Во природните односи, не сме срамежливи или исплашени од тоа да бидеме вистинските ние, особено кога партнерите меѓусебно си веруваат и се свесни дека никој не е робот и секој треба да се чувствува опуштено и удобно дома.
Можете да шетате низ куќата разговарајќи по телефон со откопчани панталони, да јадете портокали во кревет и покрај тоа, да се чувствувате пријатно покрај партнерот.
2. Ги споделувате деталите за вашиот ден
Се враќате дома после долг работен ден или по средба со пријателите и сакате да споделите нови информации со партнерот. Не се обидувате да скриете дека еден маж од вашата канцеларија ве вознемири.
Ова споделување на детали развива доверба и хармонија во вашата врска и ве тера да не бидете само партнер, туку и да се чувствувате како близок пријател. Важно е исто така да бидете заинтересирани за тоа што се случува во животот на вашиот партнер, според експертите.
3. Може отворено да зборувате за вашата болка од минатото
Може сте имале проблеми со вашите родители, мината токсична врска или тешка операција. Но, не можеме да ги споделиме овие работи со личност на која не веруваме. Психолозите велат дека, во овие случаи, важно е да ги одделите минатото и сегашноста и да не го споредувате вашиот партнер со никого.
Освен тоа, ако сте отворени да разговарате за вашите искуства со личноста што ја сакате, стекнувате ново ниво на доверба. Но, важно е да не бидете брутално искрени и да бидете внимателни да не ги повредувате туѓите чувства.
4. Имате заедничка банкарска сметка или го знаете PIN-от на неговата / нејзината картичка
Споделувањето на банкарска сметка може да биде знак на огромна доверба меѓу паровите. Тоа значи дека партнерите се отворени да разговараат за прашањата околу парите и да пронајдат компромиси, што резултира со бројни позитивни придобивки со цел подобрување на врската.
5. Не се контролирате еден со друг
Проблемите со довербата можат да ги уништат односите брзо, особено ако станете опседнати со контролирање на вашиот партнер и започнете да се јавувате или да праќате пораки на секој час.
И обратно, кога на личноста ќе й оставите простори за дишање малку и ќе престанете да ја контролирате, тоа значи дека сте ја донеле вистинската одлука и за себе и за партнерот.
6. Не ги сокривате телефоните
Според истражувањата, социјалните мрежи можат да предизвикаат љубомора, односно Фејсбук и Инстаграм можат да бидат причина за караници меѓу партнерите, па дури и развод и раскинување.
Но, замислете дека возите дома и партнерот ве замолува да го држите неговиот телефон, а и дека може да го отворите неговиот Фејсбук. Само некој што нема што да крие може да го стори тоа. Ако можете лесно да ги оставите вашите телефони да бидат отворени и на видно место додека сте заедно со партнерот, дефинитивно сте достигнале одлично ниво на меѓусебна доверба.