За наглото дебелеење речиси секогаш причината е некоја драстична животна промена. Во овој случај, кај девојката по име Александрија таа промена било неверството на нејзиното момче.

Кога Александрија дознала дека нејзиниот партнер ја изневерил, утехата ја побарала во вкусната храна. „Емотивното дебелеење“ ја довело до 20 килограми вишок.

Секој грам плус бил одраз на нејзиното емоционално страдање, а самодовербата која започнала да ја губи по неверството започнало на секој можен начин негативно да влијае врз нејзиното секојдневие.

Девојката се нашла како во замка, едноставно веќе го изгубила својот изглед, а притоа се чувствувала беспомошно. Сама не можела да ги победи килограмите.

Откако Александрија решила да го преземе нејзиниот живот во сопствени раце, професионална помош побарала од телевизиската ѕвезда Клои Кардашијан, која била водителка на емисија наменета токму за прикажување вакви телесни трансформации.

Благодарение на Клои, редовните тренинзи и драстичните промени во начинот на исхрана, Александрија се претвори во сосема нова девојка- Среќна и спремна за нова љубов!