Ален Делон стана дедо на 84 години – Неговата прекрасна ќерка му подари внуче
Никогаш не е доцна едно мало суштество да се појави во вашиот живот, а доказ за ова е самата легенда на светската кинематографија, Ален Делон, кој на 84 години стана дедо.
Неговата ќерка Анушка по првпат навлезе во мајчинските води и стана мајка на 29-годишна возраст. Таа е во брак со Џулиен Дереин и ова е прво дете на парот. Според светските медиуми, бебето се родило на Денот на вљубените, односно на 14-ти феверуари, во Женева.
Во текот на Септември, минатата година, по повод Париската модна недела, Анушка објави фотосесија и за француските медиуми зборуваше за нејзината љубов со Џулиен со кого е заедно веќе 9 години.
Анушка е првото дете на Ален Делон и неговата сопруга Розали, со која се разведе во 2002-та година, по 15 години брак.