Алкалната маска е новото козметичко чудо- Длабоко ја прочистува кожата од токсини и го враќа нејзиниот свеж и здрав изглед
Грижата за кожата во домашни услови е најважниот предуслов за да ефикасно ја зачуваме свежината и беспрекорниот изглед на кожата.
Доколку немате премногу слободно време, постои еден едноставен и лесен третман, кој може да го направите дома, а чии резултати ќе ви дадат загарантирана совршена кожа!
Првиот чекор токму до беспрекорната кожа е ексфолијацијата преку која успешно се отстрануваат токсините од клетките и кожата го обновува тенот и здравиот сјај.
За таа цел, ќе ви помогне употребата на алкалната маска. Третманот со истата трае 1 недела, а истата треба да се нанесува на лицето до 3 пати во текот на неделата т.е на секои 2 дена.
Во продолжение откријте како да си ја направите истата во домашни услови:
Алкална маска
Потребни состојки
- 3 супени лажици сода бикарбона
- 1 кафена лажица мед
- 3 капсули течен витамин Е
- 3 кафени лажици пресно млеко
- 1 кафена лажица цимет
Начин на подготовка
Во мал и длабок керамички сад, додадете ги и добро измешајте ги сите горенаведени состојки, до добивање на мазна смеса.
Начин на употреба
Нанесете ја маската на целото лице, притоа избегнувајте ги зоните околу очите и устата. Со нежни движења, масирајте го лицето, така што смесата побрзо ќе се апсорбира во кожата. Потоа оставете ја маската да отстои 10-15 минути.
По изминатиот временски период, исплакнете го лицето со топла вода.
Зошто оваа маска е ефикасна
Содата прави вистински чуда т.е ефикасно ја ексфолира кожата и успешно ги отстранува мртвите клетки, додека пак медот длабоко навлажнува и има антибактериски својства.
Витаминот Е ја потхранува и штити кожата од акумулирање на маснотии, како и од студеното време, а циметот ја поттикнува циркулацијата на крвта при лицето, што резултира со здрав и свеж сјај на истото.