Американка сонуваше да наликува на Џенифер Анистон и еве ги резултатите по преобразбата од професионален стилист
Жените ги обожаваат промените, особено кога станува збор за освежување на надворешниот изглед. Тајната во трансофрмацијата лежи во правилната употреба на шминка и идеалниот избор на фризура.
Токму ваков креативен проект на преобразби води истакнатиот 55-годишен стилист Гај Хопкинс, кој соништата на дамите лесно ги претвора во реалност.
Ваков е случајот и со Лорел, која последните 3 години ги поминала работејќи многу стресна работа, што влијаело врз нејзиниот надворешен изглед. Токму затоа, оваа дама го замоли Гај да се обиде да ја претвори во Џенифер Анистон, која е нејзината омилена актерка.
Стилистот со задоволство го прифати предизвикот и докажа дека шминката и фризура навистина може да направат чуда. Погледнете како само блескаат очите на Лорел по преобразбата.
Гај вели дека претпочита да работи со дами кои се над 50 години и да им помага да изгледаат најдобро што можат.
Тој вели дека според него, ја работи најпрекрасната работа на цел свет!
Во продолжение може да видите дел и од останатите чудесни трансформации на талентираниот стилист: