Американска фризерка ги претвора чудесните пејсажи на природата во стилови на коса и резултатите се воодушевувачки
Замислете дека сте излезени на вечерна прошетка и гледате во небото. Искра. Невреме. Лудило. Вие ја сакате истата боја на коса како што гледате таму горе, но идејата ви се чини невозможна.
Но, без грижи, американската фризерка Урсула Гоф, може да ја претвори вашата коса во сè што сакате – инспирирана од поларната светлина до самото виножито. Фризерката постојано ги споделува фотографиите од инспирацијата споени со самите резултати, а во продолжение со свои очи може да видите дека оваа извонредно талентирана уметница може да ги скроти дури и најлудите соништа во боја.
Еве 15 од нејзините уникатни дизајни кои оставаат без зборови: