Американска компанија дизајнираше градник кој го решава еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат жените
Ако мислите дека има нешто што американските и кинески компании сè уште го немаат измисмислено, тогаш сте во голема заблуда.
Поточно, пред неколку недели, компанијаат Sleep & Glow дизајнираше ноќен градник кој спречува појава на брчки на кожата во пределот на деколтетот, при спиењето на страна.
Новинарката Оливија Месер беше прва која го коментираше овој изум на социјалните медиуми, поконкретно објавувајќи фотогрфија на Твитер, со коментар: „Што по ѓаволите?“
Нејзната објава доби повеќе од 24.000 допаѓања, а бројот на критики од ден на ден сè повеќе се зголемува, од бројни жени ширум светот, кои сметаат дека ова е целосно непотребен и глупав изум што наметнува дополнителни грижи и комплекси на дамите, кои веќе се доволен притисок од козметичките и модните индустрии.
По бројните негативните реакции, дизјнерите на градникот изјавија: „Не очекувавме дека нашиот производ ќе поттикне ваква дискусија. Нашата градник во форма на перница е наменет за жени кои имаат брчки во пределот на деколтето. Истиот не е дизајнира за да дополнително ги загрижи жените кои немаат брчки. Секоја жена има право на слобода да избере да се грижи или не за овој проблем.“
Инаку, доколку се одлучите да го купите овој градник, ќе треба да потрошите околу 4000 денари.
Што мислите вие за овој необичен градник и неговата намена?