Американските експерти откриваат кои луѓе најмногу заболуваат од рак на желудникот
Ракот на желудникот може да се појави во било кој дел од овој дел од телото, а потоа може и да се прошири и на останатите органи. Желудочниот карцином е причина за околу 800.000 смртни случаи годишно во светски размери.
Сега американските експерти и научници откриваат дека мажите се изложени на ризик од рак на желудникот двапати повеќе од жените.
Основна улога во појава на заболувањето игра намалената изразеност на генот RNF43, како и лошите животни навики на прекумерено консумирање алкохол и пушење цигари.
Истовремено, научниците истакнуваат дека ракот на желудникот е значително повеќе застапен кај оние луѓе кои консумираат многу сол, нишесте, маринирани или димени производи, а кои притоа воопшто не консумираат овошје и зеленчук.
Просечната возраст на маж со дијагноза на рак на желудникот изнесува 68 години. А добрата вест е што лекарите веќе пронајдоа нови методи со кои ефикасно го продолжуваат животниот век на пациентите во временски период од неколку години, а не од неколку месеци како што беше претходно со уште неразвиените третмани.