Ана го фотографирала прекрасниот, мачниот и магичниот момент на породувањето
Ана Павлета е фотограф од Полска и таа е специјализирана за фотографирање на новороденчиња. Нејзината инспирација почнала откако ја родила нејзината ќерка пред 13 години. Таа сега била дел од неверојатно искуство, наместо да слика бебиња од неколку месеци таа била поканета да фотографира за време на самиот чин на раѓање. „Имав чест да учествувам во најубавото чудо во светот! Чудото на раѓање! Тоа беше првпат што некогаш сум фотографирала, беше долго и емотивено. Сум видел многу примери на љубов, сила, надеж и посветеност. По долги часови на возбуда и болка, Амелија се роди.“, вели Ана.