Доаѓаат добри вести за љубителите на галаксиите и ѕвездите. Германсиот дизајнер Мајкл Најар својата љубов кон космосот успеал да ја пренесе  во апартман од 120 квадрати, сместен во хотелот “Autograph Collection”. Погледнете за што станува збор.

Најар успеал да добие карта за едно од низата патувања наречени Вирџин Галактик, што ги организира могулот Ричард Бренсон, за патувања на туристи во универзумот.

Дизајнерот толку бил воодушевен од новото искуство, што решил на еден креативен начин да го пренесе и на останатите, при што го дизајнирал апартманот.

Уште кога ќе влезете во истиот, за топло ‘добредојде’ ќе ве пречека компјутеризиран женски глас, кој ќе го потврди вашиот влез во ‘вселенскиот брод’, а теписите се прикачени и на плафонот и на подот. Воедно, на ѕидовите самиот тој дизајниран уметнички дела инспирирани од снимките што ги сними телескопот Хабл, додека пак дизајнот за светлата е превземен од ракетните мотори.

Во продолжение погледнете го извонредниот концепт на Најар, при кој гостите засигурно се чувствувале буквално ‘вон светот’: