Ако сакате да пробате нешто сосема ново и со чудесен вкус, тогаш денес одделете време за овој величествен арапски десерт, кој се приготвува многу лесно, а на истиот ретко кој може да му одолее!

Арапски десерт

Ако сакате да пробате нешто сосема ново и со чудесен вкус, тогаш денес одделете време за овој величествен арапски десерт, кој се приготвува многу лесно, а на истиот ретко кој може да му одолее!
Total Time1 hour 30 minutes
Course: Десерт
Cuisine: арапска
Клучни зборови: арапски десерт, бадеми, диетален колач
Servings: 4

Ingredients

  • 260 гр шеќер
  • 1 супена лажица нишесте
  • 4 јајца
  • 2 кафени лажици пециво
  • 4 супени лажици гриз
  • 1 супена лажица масло за готвење
  • 6 шолји пресно млеко
  • 1 кафена лажица ванилин шеќер
  • 70 гр бадеми

Instructions

За тесто

  • Веднаш вклучете ја рерната на 180°C, за да се загрее. Изматете ги јајцата во длабок сад,
    притоа кон истите додадете 3 супени лажици шеќер и матете со миксерот 5 минути, до добивање на лесна соединета смеса.
  • Следно, додадете гриз и 4 супени лажици брашно и измешајте ги состојките со помош на шпатула, движејќи ја истата нагоре и надолу.
  • Добиеното тесто додадете го сад, кој претходно е непходно да биде премачкан со путер. Поставете го тестото да се пече 25 минути во рерна, додека десертот да добие златна боја.

За шербет

  • За ова време подгответе го шербетот. Исипете 1 шолја млеко во тенџере, додадете 110 гр обичен шеќер и целата ванила. Поставете ги на оган и добро измешајте ја смесата. Потоа исипете уште 2 шолји студено млеко, измешајте и полејте го десертот со готовиот шербет.

За фил

  • Сега пригответе го филот. Во голем сад исипете 2 супени лажици брашно, нишесте, додадете 1 шолја студено млеко и измешајте до добивање една соединета смеса, без грутки.
  • Останатите 2 шолји млеко сварете ги со 3 супени лажици шеќер, прстофат ванила и 1 супена лажица путер. Неопходно е сместа да стане густа.
  • Полејте го десертот со врелиот фил, штом ќе го апсорбира шербетот. Во сува тава потпечете ги бадемите до добивање кафеава боја и на крај нанесете ги врз десертот.
  • Поставете го десертот на неколку часа во ладилникот, откако ќе го покриете со фолија.