Австралиски лекар ги руши 6-те најчести митови за настинките и грипот и ја открива вистината
На 50.000 луѓе само во Австралија, оваа година им бил дијагностициран грип. Па во ситуации кога сите околу вас киваат и кашлаат, поучно е да знаете кои превентиви се факти, а кои измислица.
За таа цел, истакнатиот лекар Д-р. Бред Мекеј неодамна гостуваше во една од најпознатите американски емисии Тудеј и зборуваше токму на таа здравствена тема.
Во продолжение, тој ви ја открива единствената вистина што постои и ги руши 6-те најчести митови за настинките и грипот, во кои повеќето сè уште веруваат, а не треба!
1. Нема да се разболите од вакцините против грип
Вакцините против грип му помагаат на телото да развие имунитет и притоа истиот да го зајакне, преку антителата. Воедно, нуди заштита од инфекциите како резулат на вирусите што влегуваат во составот на вакцините.
И додека наоколу сè уште кружи митот дека од вакцините всушност може да добиете грип и да се разболите, Д-р. Мекеј одлучно потврдува дека тоа е лага.
Тој објаснува дека е сосема нормално малку различно да се чувствувате неколку денови по примањето на вакцината, но дека е невозможно да се разболите од истата.
2. Земањето на витамини ќе ви помогне многу
Земањето витамини, пралалелно со балансираната диета, долго време се сметаше за најефикасниот начин да се заштитиме од разните болести и заболувања.
Најчесто консумиран е витаминот Ц, за кој се верува дека ќе нè заштити од грипот или општо ќе ја намали настинката.
Сепак, Д-р. Мекеј го руши овој мит, велејќи дека мултивитамините не се златен билет или осигурување дека никогаш нема да се разболиме, а притоа немам потреба од нивна посебна консумација, бидејќи доволно примаме витамини преку исхраната.
„Постојано кружат приказни меѓу луѓето дека секојдневното земање на витамини ќе спречи да се разболиме, но статистички ако се погледне популацијата, лесно ќе се забележи дека мултивитамините не прават никаква разлика“- вели тој.
3. Не претерувајте со храната кога сте настинати
Кога сте болни или настинати, последно нешто што ви се прави е да јадете. Иако, нејадењето во вакви ситуации не претставува голем проблем, сепак може да се развие таков и кај помладите и кај постарите.
Д-р. Мекеј вели дека не постои главно правило што треба и што не треба да јадат луѓето кога имаат грип, но едно е важно: Мора да внесуваат многу течност, за да ја спречат појавата на дехидрација.
Тоа значи дека митот дека не треба да се јаде многу кога сме настинати и болни исто така е лага, а најмногу треба да се сконцентрираме на консумирањето супи, лимонади, вода и сличнин течности.
4. Пиењето чај со лимон и мед
Повеќето луѓе, при настинка, кога се соочуваат со сува кашлица и суво грло, кое им создава непријатно чувство, веднаш посегнуваат по топол чај со лимон и мед.
Овој лек се пренесувал низ долги векови и генерации, а е и еден од ретките митови кои всушност се сосема вистинити, а тоа го потврдува и Д-р. Мекеј.
Комбинацијата на составот на лимонот и медот се идеални за ублажување на нелагодноста која се создава како резултат на сувото и иритирано грло.
5. Не смеете да вежбате додека сте болни и настинати
Ако моментално страдате од грип или настинка, треба да го избегнувате вежбањето, бидејќи телото веќе е под стрес, бидејќи се бори со инфекцијата во организамот.
Исто така, Д-р. Мекеј објаснува дека невежбањето во такви ситуации не е само превентива за вас, туку и и да ги заштитите и останатите. При вежбањето во теретана, додека сте настинати, на многу лесен начин може да ги пренесете вирусните бактерии и на останатите, преку справите за вежбање.
6. Измрзнувањето доведува до грип и настинка
Како деца, скоро сите ги добиле лекциите да не си легнуваат со мокра коса или тоа што не сме биле доволно облечени при ладното време, била причина број 1 за појава на грип и настинка.
Иако постои одреден степен на логика позади овој мит на превенција од настинка и грип, сепак истиот не го поминува научниот тест.
„Ако сте болни, имате грип или настинка, главната причина за тоа е бидејќи сте дошле во контакт со лице кое прво го имало вирусот и затоа сега и вие сте болни.“- објаснува Д-р Мекеј.