Баба со деменција ја тужи полицијата во Колорадо,САД, откако била соборена на земја и уапсена додека берела цвеќиња.

Карен Гарнер се здоби до скршени коски, модринки и силна траума откако полицаецот Остин Хоп, насилно ја соборил на земја.

Хоп минатото лето ја следел 73-годишната старица со неговиот службен автомобил, откако таа била обвинета за кражба во маркет на Волмарт.
Нејзиното семејство вели дека таа излегла од продавницата без тие да забележат и случајно зела шише Пепси, маица и неколку марамчиња кои не биле платени.

Вознемирувачката снимка од настанот го покажува моментот кога Хоп ја соборува жената, кој има деменција и сензорна афазија (потешкотии во разбирање на вербален говор)  на земја, пред грубо да и ја изврти раката позади грб и покрај тоа што таа не пружа никаков отпор.

Според тужбата што е покрената во нејзино име бабата останала со дислоцирано рамо, скршеница на рамената коска и истегнат зглоб.

Семејството на Гарнер изјави дека се чувствувале принудени да покренат правни постапки по инцидентот, за „да не се повтори вакво нешто на некој друг“.

Хоп е испратен на административен одмор, додека полицијата го испитува инцидентот.