Бабин колач – Безвременски хит кој нема конкуренција! 100% задоволство потопено во чоколадо!
Задолжителен предмет во кујните на нашите мајки и баби е нивниот тефтер исполнет со бројни вкусни рецепти и кулинарски тајни кои се едноставно незаменливи. Токму еден ваков безвременски хит е следниот бабин колач, приготвен од нежен пандишпан потопен во чоколадо!
Бабин колач

Servings: 4
Ingredients
За пандишпанот
- 5 јајца
- 1 кафена шолја брашно
- 1 кафена шолја шеќер
- 1 пециво
За сирупот
- 1 кафена шолја шеќер
- 1 кафена шолја вода
- 3 супени лажици какао
- 125 гр масло
Instructions
- Изматете ги јајцата со шеќерот. Пресејте го брашното, измешајте го со пецивото, а потоа додадете го кон јајцата.
- Готовото тесто поставете го во претходно премачкан сад, да се пече 15-20 минути во загреана рерна на 180°C. Откако ќе го исклучите шпоретот, не ја отварајте веднаш рерната, туку оставете го колачот да отстои дополнителни 5 минути.
- Состојките за сирупот поставете ги на оган, да зовријат, а откако ќе се излади пандишпанот, исечете го на коцки и одозогра прелејте со сирупот. По желба нанесете на крај кокос.
- Неопходно е колачот да отстои 2 часа пред сервирање, за да добро се впие чоколадниот сируп.