Бабин рецепт со локум кој ги прочистува белите дробови и ја ублажува кашлицата
Веќе навлеговме во сезоната од годината во која повеќето од луѓето лесно се разболуваат при сезонските настинки и грип и затоа од голема важност е токму во овој период да го негуваме, заштитиме и подобриме нашето здравје.
За оваа цел денес ви претставуваме златен бабин рецепт со локум благодарение на кој ефикасно ќе ги прочистите белите дробови и ќе ја ублажите непријатната кашлица. Домашниот лек се приготвува многу лесно, а еве што е потребно да направите.
Бабин рецепт за прочистување на белите дробови
Потребни состојки
- 1 литар вода
- 20 парчиња обичен локум
- 20 ментол бонбони
Начин на подготовка и употреба
Во еден литар вода поставете 20 парчиња обичен локум. Локумот не треба да биде со било какви додатоци. Почекајте ја смесата да зоврие, а потоа набљудувајте додека течноста да испари до половина. Малку пред тоа, додадете и 20 ментол бонбони. Складирајте ја смесата во соодветен сад, во ладилникот.
Консумирајте од домашниот лек по 1 супена лажица 3 пати на ден. По само 2-3 дена ќе ги почувствувате позитивните резултати, дишењето ќе стане исклучително лесно, а белите дробови ќе бидат прочистени!