Бел леб: „Јас сум пекар и ова е наједноставнот рецепт кој секој може да го направи“
Иако многумина сметаат дека приготвувањето на домашен леб е сложен процес, денес ви претставуваме рецепт со кој ќе се уверите дека печењето на крцкав и ароматичен леб и не е воопшто тешко!
Бел леб
Иако многумина сметаат дека приготвувањето на домашен леб е сложен процес, денес ви претставуваме рецепт со кој ќе се уверите дека печењето на крцкав и ароматичен леб и не е воопшто тешко!
Servings: 4
Ingredients
- 400 гр брашно
- 80 мл зејтин
- 1 кафена лажица сол
- 25 гр свеж квасец
- 1 шолја топла вода
Instructions
- Растворете го квасецот во топла вода. Пресејте го брашното во голем сад, исипете ја солта, додадете го зејтинот, а потоа и растворениот квасец.
- Започнете да ги мешате состојките прво со лажица, а откако тестото ќе се згусне, преместете го на работната површина и со рака, оформете топка од истото.
- Штом ќе добиете мазна топка, покријте го тестото иоставете го на топло место да отстои 1 час.
- По 1 час, повторно лесно замесете го тестото и истотообликувајте го во правоаголна форма, повторно со раце.
- Следно, одозгора направете неколку засеци со остар нож и оставете го тестото да отстои 10-15 минути.
- Печете 10 минути, на температура од 170°C. Откако тестото добро ќе се крене нагоре, зголемете ја температурата на 180°C и печете уште 30 минути.