Бесплатен трик кој ја враќа виталноста и блескавоста на косата, притоа ги обновува оштетените делови
Сончевите зраци, солената морска вода, секојдневните третмани со фен и преса за коса, сето тоа влијае и придонесува во постепеното оштетување на косата.
За таа цел, денес ви откриваме еден многу лесен трик, со кој на бесплатен начин ќе ја вратите виталноста и блескавоста на косата, притоа заздравувајќи и навлажнувајќи ги максимално оштетените делови.
Трикот нема да ве чини апсолутно ништо, а е супер лесен за изведување: Едноставно потребно е редовно да го облевате вашиот скалп со ладна вода. Доколку ладното туширање не ви е многу омилено, тогаш на крај од истото, обидете се на кратко да ја измиете главата со поладна вода.
Топлината е причината поради која најчесто од скалот се одделуваат природните масла и другите хранливи својства, а токму ладната вода ги задржува и ја одржува влажноста на косата.
Покрај тоа, со ладната вода се стимулира циркулацијата на крвта, што го поттикнува сјајот на косата и го контролира нејзиното мастење.
Исто така, потребно е еднаш неделно да нанесувате длабоко потхранувачка маска за коса, за да истата омекне. А се препорачува извесно време да не ги користите уредите како фенот и пресата за коса, особено по летниот период, кога косата е најчувствителна и оштетена.