Без хемикалии! Мајка го открива рецептот за магична комбинација, со која за само неколку минути, вашиот шпорет ќе изгледа беспрекорно
Мајка од Австралија го споделува својот домашен рецепт за чистење, кој вклучува 2 природни состојки кои веќе ги имате во вашиот дом, а дава чудесни резултати за само неколку минути.
Рецептот за кратко време на вашиот шпорет ќе му даде беспрекорен и чист изглед, а еве што ви е потребно. Истовремено, подготовката нема да ви одземе многу труд и време:
Потребни состојки
- Сок од лимон
- Сода бикарбона
Начин на подготовка
Едноставно додадете ја содата бикарбоната во лимоновиот сок. Откако ќе се измешаат состојките, добиената смеса нанесете ја на нечистата површина од шопретот, особено и вратата од самата рерна. А потоа, со помош на гумени ракавици, добро рапространете ја течноста насекаде и со триење, насоберената нечистотија лесно ќе се отстрани.
Мајката била пресреќна што го открила овој рецепт во една Фејсбук група сочинета од мајки, при што реши јавно да го сподели и со останатите.
Бројните коментари, позитивни реакции и воодушевувања веднаш пристигнаа од останатите Интернет корисници.
„Никогаш не успеав целосно да ја исчистам рерната, сега благодарение на твојот рецепт, таа изгледа како нова. Премногу ти благодарам“- беа само дел од коментарите.