Без вежбање: Зависничка од шеќер ослабна 50 кг за 18 месеци и го трансформираше своето тело, а еве и како
Зависиничката од шеќер со прекумерена телесна тежина, која консумираше цело чоколадо за појадок, изгуби неверојатни 50 килограми и сега носи облека за 6 величини помалку – и сето тоа без вежбање.
Пред само 18 месеци, Каси Торп, од Ајли Бич во Квинсленд, изјави дека нејзината самодоверба е на најниското можно ниво, откако таа ја достигна својата најголема тежина од 135 килограми.
26-годишната жена рече дека „апсолутно се мрази себеси“ гледајќи ја нејзината рефлексија во огледалото, поради нејзината рдебелина, при што откри дека чоколадото е првото нешто што ќе го вкуси во утринските часови, а истото е проследено со слатки, сладолед и мрсна храна во текот на целиот ден.
Но, во февруари 2018-та година инспиративната Каси решила „ што е доволно, е доволно“ и решила да ја искористи својата навика за шеќери за нешто добро.
„Имав ужасни навики во исхраната и бев целосно зависна од шеќер. Слатките работи ми беа слабост и секој ден јадев чоколадо, бонбони, торта и сладолед “, рече Каси, која инаку работи како медицинска сестра во дом за нега на стари лица.
„Обично консумирав нездрава храна за време на ручек и вечера, како на пример, мрсна кинеска храна или оброк со хамбургер од Мекдоналдс и се чувствував тотално одвратно кога ќе го погледнев својот одраз во огледалото. Не можев да верувам како себеси се доведов до ова ниво. Мразев да се чувствувам на тој начин и знаев дека нешто мора да се смени или секогаш ќе бидам незадоволна од себеси.“
Какво беше дневното мени на Кеси пред слабеењето?
Појадок: Чоколадо или други слатки работи како сладолед или торта
Ручек: Голем оброк со повеќе хамбургери од Мекдоналдс
Вечера: Мрсна кинеска храна
Десерт: Чоколадо, сладолед, торти
Какво е дневното мени на Кеси сега?
Појадок: Мандарини
Ужина: Стапчиња грисини и 100гр јагоди
Ручек: 100г посен стек и брокула
Попладневна ужина: Лубеница
Вечера: 100 гр пилешко и спанаќ
Откако го отфрли шеќерот, Каси се фокусираше на целосно обновување на нејзината исхрана и наместо тоа, ги замени шеќерните, мрсни оброци за здрави, хранливи оброци.
И за само 18 месеци, Каси ослабна и спадна на тежина од 85 килограми, со неколку конфекциски броеви помалку.
За да ја задржи тежината, Каси исто така започна програма која се фокусира на детоксикацијата на организамот и чист план за исхрана, кои помагаат природно да се ослободи од вишокот килограми.
Нејзината диета сега е исто така сконцентрирана на високо-протеинскиа и ниска-јаглехидратна исхрана, која е полна со природна и чиста свежа храна, а притоа Кеси сè уште не вежба поради нејзините слаби колена и слабиот грб.
„Но, веднаш штом започнав да се хранам поздраво и почнав да ги практикувам редовна детоксикација на организамот, килограмите едноставно се стопија. Тоа само покажува колкава улога игра диетата во вашето патување за слабеење – се чувствувам неверојатно и дури морав да купам сосема нова гардероба.
Сега имам значително поголема самодоверба. Не се срамам да излегувам повеќе. Губењето на тежината ми го смени целиот живот. Никогаш нема да се вратам на старата јас.“- вели Кеси.