Бисквитна торта со рајско неодолив фил – Брз десерт кој се прави супер лесно!
Речиси секој барем еднаш има пробано или правено бисквитна торта, која важи за лесен, брз и вкусен рецепт. Но, денес ви претставуваме рецепт за нејзината подобрена верзија, на која ретко кој може да одолее и тоа благодарение на неверојатниот фил!
Бисквитна торта со рајско вкусен фил
Речиси секој барем еднаш има пробано или правено бисквитна торта, која важи за лесен, брз и вкусен рецепт. Но, денес ви претставуваме рецепт за нејзината подобрена верзија, на која ретко кој може да одолее и тоа благодарение на неверојатниот фил!
Servings: 4
Ingredients
- 2 јајца
- 100 гр шеќер
- 2 супени лажици брашно
- 2 шолји пресно млеко
- 1 супена лажица какао во прав
- 100 гр путер
- 1 конзерва варено кондензирано млеко
- 500-600 гр слатки бисквити
Instructions
- Налејте го млекото во тенџере и поставете го на оган да се вари. Во длабок сад изматете ги јајцата, додадете го и шеќерот и изматете до добивање соединета смеса. Исипете ги брашното и какаото и повторно добро измешајте ги состојките. Постепено налејте 1 шолја млеко (на собна температура).
- Добро изматете ја смесата за да нема грутки. Потоа исипете ја смесата со јајцата и брашното во врелото млеко и непрекинато мешајте. Додека мешате, оставете го кремот да зоврие, а потоа отстранете го од оганот. Префрлете ја смесата во друг сад и веднаш додадете го кондензираното млеко.
- Измешајте до добивање нежна мазна смеса и додадете го омекнатиот путер. Добро измешајте за путерот целосно да се раствори. Филот за тортата е готов!
- Со слој од филот премачкајте го дното на садот за тортата и започнете да редите, ред бисквити, ред фил. Последниот слој треба да биде филот, а одозгора за декорација нанесете бисквитни трошки. Оставете ја тортата да отстои неколку часа, пред сервирање.