Богат и разгален: Бездомниците ги нарекува ракуни кои јадат од конзерва, а сега сака да докаже колку е „лесен“ уличниот живот
Богаташот кој троши 1700 евра за една вечера, сега го замени својот луксузен живот со уличен, се со цел на сите да им докаже колку е лесно живеењето на улиците. Но, дали успеа?
21-годишниот Ханиф, од Норфолк, тргува со акции инвестирајќи во пазарот на капитал и цврсто верува дека бездомните луѓе се едноставно мрзеливи.
Богатиот трговец ги споредува бездомниците со ракуни, бидејќи се хранеле од конзерви.
Сега тој е учесник во најновата епизода во емисијата „Богати деца со 5 ѕвезди стануваат бездомници” (анг. 5 Star’s Rich Kids Go Homeless), во која поминува 3 ноќи спиејќи на суровите улици во Камден, трет најголем град-дом на бездомните лица.
Неговиот луксузен живот, во кој Ханиф троши огромно богатство на дизајнерска облека и е сопственик на часовници во вредност од 39.000 евра, во целите на емисијата го остава зад себе.
Истовремено, признава дека неговите методи на заработување биле со доза на нечесност:
„За јас да заработам малку, некој мора да изгуби многу” – вели Ханиф.
Во епизодата, додека се прилагодува на улиците, богаташот раскажува како тој нема намера да проси, бидејќи веднаш ќе се вработи.
„Мојот генијален план ќе ме извади од тука. Јас веднаш ќе се вработам, ќе чистам тоалети ако треба и во замена за тоа, работодавачите ќе ми платат и ќе ми дадат храна. Откако ќе заработам доволно, ќе се префрлам на некои поплатени позиции и потоа со парите, ќе изнајмам место за живеење.”- додава Ханиф
Но, неговиот бајковит план се судри со реалноста.
Веднаш што започна да живее како бездомник, уште во првиот момент Ханиф сфати дека нема да биде воопшто лесно и веднаш започна неговото преживување.
Во епизодата е прикажано како Ханиф уште на почетокот моли за храна, а потоа кога се обидува да им се приближи на останатите бездомници, тие го напаѓаат и се непријателски настроени кон него, обвинувајќи го дека лаже за неговата ситуација, бидејќи изгледа чисто, што не е честа појава кај нив.
Втората средба со бездомник исто така не помина најдобро, бидејќи на Ханиф му рече дека доколку повторно го види, ќе го нападне со нож.
„Овие луѓе навистина немаат што да изгубат и затоа не се плашат од ништо. Започнувам да сфаќам дека улиците се многу опасно место”- вели Ханиф.
По бурната авантура која не одеше според замислениот план, Ханиф конечно си ја научи лекцијата. За крај вели дека единствен добар впечаток му оставиле луѓе што му дале храна во вториот ден, бидејќи реткост било некој да помогне на бездомник.
Претходно, во истата емисија, на сличен начин, лекцијата си ја научи 23-годишниот богаташ Киерен.