Богаташ навикнат на луксузен живот помина 3 дена на улица и си ја научи лекцијата
Овој млад трговец кој заработува 11.000 евра на ден и ги сметаше бездомниците за слаби и мрзеливи луѓе, сега помина 3 дена живеејќи на улица, а ова се последиците.
Запознајте го 23-годишниот Киерен од Лондон. До пред некое време Киерен веруваше дека да се биде бездомник е избор и бездомниците ги сметаше за слаби и мрзеливи луѓе.
“Бездомниците се слаби. Мислам, се наоѓаш на дното, зарем може полошо од тоа?“- изјавил богатиот трговец.
Сега за целите на емисијата наречена “Богати деца со 5 ѕвезди стануваат бездомници” (анг. 5 Star’s Rich Kids Go Homeless), богатото момче помина 3 дена на улица.
Во епизодата што вечер ќе се емитува на британскиот Канал 5, гледачите ќе имаат можност да ги видат ставовите на Керен пред и по неговиот бездомнички живот.
Тој пред да се приклучи кон уличната авантура, зборува како е убеден дека ќе постигне многу повеќе од просечните бездомници.
Исто така, открива дека заработува 11.000 евра на ден, а богатството го заработил преку тргување. Во емисијата Киерен се фали со неговата гардероба од 35.000 евра и зборува како потрошил “скромни” 10.000 евра на неговите тетоважи и естетските процедури за избелувње на забите.
Оставајќи го својот луксузен живот и неговата девојка Џес, Киерен е “испратен” во бездомничкиот живот само со вреќа за спиење, јакна, дебели чорапи и пар наочари за кои сметал дека ќе му помогнат да заработи на улиците.
Првичнно богатиот трговец мислел дека се ќе биде толку едноставно. Направил план да собере доволно пари од просење, потоа би купувал чадори и би ги препродавал.
Но, набрзо Киерен сфаќа дека тоа воопшто нема да биде така како што си замислил.
Неговото улично искуство воопшто не започнува убаво. Тој најпрво се мачи бидејќи не може да изнајми соба во локалниот хостел, а потоа наидува на непријателски настроен бездомник кој му извадил нож.
За првата вечер, заработил вкупно 5 евра, а спиел во близина на Черинг Крос железницата во Лодон.
“Тешко е. Не очекував дека ќе биде вака. Морав со часови да просам и молам да заработам сума што инаку ја заработувам во секунда.”– изјавил Киеран, потенцирајќи дека ова искуство му ги отворило очите и го сменил ставот што го имал претходно.
На крајот од неговиот живот како бездомник, трговецот заработил вкупно 30 евра и сега кога се вратил на неговиот поранешен живот, тврди дека повеќе го цени она што го има.
“Немам зборови колку се страшни улиците. Мислам дека попрво би избрал да бидам во затвор, отколку на улица.”-за крај изјавил Киеран, кој ова искуство го смета и по малку трауматично.