Бојадисување на пареа: Необичен, но многу лесен метод со кој ќе ги имате најпрекрасните јајца овој Велигден
Се наближува најголемиот христијански празник, па затоа ви ја откриваме најпрекрасната техника за бојадисување на јајца, која воопшто не е скапа, а дава извонреди резултати.
Станува збор за бојадисување на јајцата на пареа, за која не е потребно никаква вештина, бојата останува преубава, а шарите сами се формираат.
Техника за бојадисување јајца на пареа
Ќе ви биде потребно
- Вештачки бои во ќесичка, по ваш избор
- Малку оцет
- Поглемо тенџере
- Цедалка
Начин на подготовка
Наполнете го тенџерето со малку вода, а во цедалката поставете ги јајцата и врз истите нанесете малку оцет и поставете ги на оган. Додека вода се вари, одозгора нанесете ги боите, а потоа поклопете го тенџерето со капак, за да пареата ги соедини боите, 10-20 минути, колку што е потребно.
Детално погледнете ја целата постапка во следното видео: