Бојата на очите го открива карактерот на човекот- Какви се вашите?
Бојата на очите е карактеристика со која се раѓаме и која е определена од нашите гени. Уште од древно време, очите се сметаат за огледало на душата, а се верувало дека тие го откриваат и карактерот на личноста.
Во продолжение пронајдете ја бојата на вашите очи и прочитајте што тоа кажува за вас и вашиот карактер.
1. Зелени очи
Луѓето со зелени очи се сметаат за спокојни луѓе полни со надеж. Тие имаат цврст карактер и се решителни, но претпочитаат да ги избегнуваат конфликтите. Добро се справуваат во љубовните врски и кога ќе се заљубат, остануваат верни до крај.
2. Сиви очи
Овие луѓе едноставно зрачат со шарм и се многу привлечни. На карактер се смели и безгрижни, при што лесно се впуштаат во било какви авантури. Не се грижат да преземат сложени предизвици, а најчесто од истите излегуваат како победници. Единствената негативна особина кај истите е претераната импулсивност и бес.
3. Сини очи
Самостојни и рационални луѓе, кои се навикнати да го добиваат она што го сакаат. Секогаш гледаат право кон целта и не се откажуваат од истата, без разлика на пречките на патот. Сепак, недостаток во нивниот карактер е големата тврдоглавост.
4. Кафеави очи
Сопствениците на очи со оваа боја секогаш имаат најголем успех кај припадниците од спротивниот пол. По природна се неверојатно страстени, но понекогаш претеруваат со нивната емотивност.
Имаат див и нескротлив карактер, што не само може да биде проблем за нив самите, туку и за нивните партнери.
5. Шарени очи
Луѓето чии очи се комбинација од повеќе нијанси важат за решителни личности со силна волја, кои не само целат кон високо, туку и имаат потенцијал да ги реализираат нивните цели и желби. Имаат огромна енергија и сила и во животот успешно ја надминуваат секоја пречка.