Болка во коленото: 7 најчести причини за нејзина појава и 7 корисни совети како да ја третирате во домашни услови
Да бидеме активни е еден од најдобрите работи што може да ги направиме за здравјето и негата на нашите зглобови, како и останатиот дел од телото. Но, лесно може да се настанат повреди, а тие неретко ги вклучуваат токму колената. Затоа денес ќе појасниме малку повеќе за онаа позната болка во коленото: 7 најчести причини за нејзина појава и 7 корисни совети како да ја третирате во домашни услови.
Најчести причини за болка во коленото и нивни симптоми
- Бурситис: Настанува при пад, повреда или воспаление на една или повеќе од ќесичките полни со течност наречени бурзи. Се манифестира со болка во коленото и негово отекување, укочување на мускулите и ограничување на движењето.
- Исшачување на коленското капаче: Настанува кога коленското капаче се дислоцира и лизга од неговата правилна положба. Се манифестира со болка и оток на коленото.
- ИТ синдром: Настанува кога илиотибијалното ткиво при коленото е воспалено како резултат на прекумерена физичка активност. Најчесто се случува кај професионалните спортисти и се манифестира со голема надворешна болка.
- Раскинат менискус: Настанува кога при повреда се оштетува менискусот на коленото кој е одговорен за стабилноста на зглобот. Се манифестира со остра болка во коленото, отекување и вкочанетост при движењето.
- Осгуд-Шлатер болест: Здравствена состојба која настанува кај младите, при растот и развојот на коските и зглобовите. Се манифестира со болка во предниот дел од коленото, болка под коленото и потешкотиите при движење и скокање.
- Остеоартритис: Настанува со воспалување и отекување на ткивата околу зглобот на коленото, понекогаш поради прекумерена телесна тежина. Се манифестира со болка на зглобот.
- Пателарен тендитис: Настанува со воспалување и иритација на тетивата на коленото. Се манфестира со болка и повремено чувство на крцкање на зглобовите кои не можат да се справат со носењето на телесната тежина.
Како да ја третирате болката во коленото во домашни услови
- Бурситис: Одмарајте колку што е возможно повеќе и не ја оптоварувајте зафатената болна зона со активност. Нанесете лед за да го намалите оток0т 48 часа откако симптомите ќе се појават. Направете топла купка.
- Исшачување на коленското капаче: Одмарајте го коленото. Не ја повторувајте активноста што ја предизвикала повредата. Нанесете лед, како и топла облога на повредата. Најчесто коленското капаче само по себе ќе се врати во нормалната положба.
- ИТ синдром: Одмарајте, нанесете облога од лед, од време на време протегнувајте и соодветно масирајте го коленото.
- Раскинат менискус: Одмарајте го коленото и користете штаки како помагала при движењето. Избегнувајте секаков вид на активности што би ја влошиле болката. На секои 3-4 часа поставувајте облога од лед врз коленото и истата оставете ја да дејствува 30 минути. Поставете го коленото во крената, на повисока положба за да избегнете отекување.
- Осгуд-Шлатер болест: Oдмарајте го зглобот и нанесете лед што ќе ја ублажи болката и отекувањето. Практикувајте протегнување на мускулите и заштитете го коленото. Болеста исчезнува кога коските ќе престанат да растат.
- Остеоартритис: Консумирајте брокула, цитрусни овошја, риба богата со омега-3 масни киселини, лук, зелен чај и храна богата со калциум и витамин Д.
- Пателарен тендитис: Избегнувајте било каква активност што предизвикува болка т.е неопходно е да ја намалите физичката активност. Нанесете лед веднаш по активноста што ја предизвикала појавата на болката.
Кога да посетите лекар?
Посетете лекар доколку болката во коленото е предизвикана од било каков пресилен удар или доколку болката во коленото е пропратена со значително отекување, црвенило и чувство на топлина околу зглобот.
Во кратки црти
Болката во коленото не е неретка појава и иако може да се појави и кај децата, сепак таа најчесто ги засегнува возрасните луѓе. Во поголемиот дел од времето, болката предизвикана од мала повреда исчезнува сама од себе со доволно одмарање на коленото, но неопходно е да се обрати внимание и доколку таа е силна, трае подолго време и се појавува значителен оток, веднаш посетете лекар.