Болка во папокот: 3-те најдобри домашни лекови и кога да посетите лекар
Иако стомакот е поделен на четири главни квадранти, неговиот папок е тешко да се постави во еден специфичен дел. Како резултат, ако чувствувате болка во папокот (перимибиликална болка) тоа исто така може да се чувствува како болка во долниот десен или лев стомачен дел.
Болката околу папокот може да биде предизвикана од проблеми меѓу околните структури или дигестивниот систем, а еве кои се симптомите, конкретните причини и што може да направите околу тоа:
Најчести причини за болка во папокот и нивни симптоми
Пропратни симптоми на болка во папокот
- Треска
- Болка што се движи во долниот десен дел на стомакот
- Подуеност или отечен стомак (дистензија)
- Промена или загуба на апетит
- Гадење или повраќање
- Дијареа
- Опстипација
- Тешкотии при исуштање на гасови
- Болка која се влошува со движење како што се кашлање или одење
Воспалителни причини
- Инфективна: Инфекција или воспаление на органите во долниот дел на стомакот може да предизвика болка во папокот. Болката може да започне од папокот и да се прошири кон долниот десен дел на стомакот. Симптомите може да се појават и кога ќе се зарази уринарниот тракт.
- Автоимуни: Состојби кои првенствено влијаат на гастроинтестиналниот тракт (воспалителни болести на цревата) може да резултираат со болка во папокот и други симптоми.
Опструктивни причини
- Дебело црево: Исклучително долг орган што се преклопува кон себе. Како резултат, сите особено слаби делови на дебелото црево можат да бидат изложени на екстремен притисок. Другите делови на дебелото црево можат да ги пробијат овие слаби точки и да ги протуркаат мускулите и околното ткиво. Оваа состојба се нарекува хернија. Хернија може да се појави во кој било дел од стомакот, но болката најчесто се чувствува во долниот дел на стомакот околу папокот.
- Тенко црево: Блокада во тенкото црево може да биде предизвикана од ткиво со лузни, рак или хернија. Блокадите предизвикуваат дебелото црево зад истите да стане големо, проширено и исполнето со течност. Ова може да резултира со симптоми како што се грчеви и опстипација, покрај самата болка околу папокот.
Дигестивни причини
- Проблеми со варењето: Стомачна вознемиреност, диспепсија или функционална диспепсија, не е болест, туку збир на многу чести симптоми. Најчестите симптоми се болка, непријатност и надуеност во горниот дел на стомакот и папокот набрзо после оброкот.
- Апендицит: Воспаление на слепото црево кое се јавува често кај луѓе на било која возраст.
- Акутен гастритис: Кога нешто ќе ги наруши заштитните механизми на желудникот, може да се појават низа проблеми од послабо варење до смртоносни чирови и крварење. Покрај стомачна болка, болка на папокот, симптомите вклучуваат вртоглавица и повраќање.
- Норовирус: Стомачен вирус кој вообичаено поминува по неколку дена.
- Ротавирус: Ротавирусната инфекција е заразен гастроинтестинален вирус кој најчесто ги погодува бебињата и малите деца. Предизвикува тешка водена дијареја, понекогаш пропатена со повраќање и треска.
- Чир на желудникот: Рана во слузницата на желудникот или првиот дел од тенкото црево (дванаесетпалечното црево), што предизвикува болка после јадење или на празен стомак.
- Инфекција на жолчното кесе: Наречена и холециститис, означува постоење на бактериска инфекција на жолчното кесе или со или без камења во жолчката. Симптоми се дијареја, стомачна болка, болка на папокот, вртоглавица, опстипација.
- Акутен панкреатит: Воспаление на панкреасот, кое создава и ослободува инсулин и глукагон за да ја одржи стабилноста на нивоата на шеќер во крвта. Вртоглавица, повраќање и постојана стомачна болка и болка околу папокот се најчестите симптоми.
Како да третирате болка во папокот во домашни услови
Куркума во прав
Многу често ги слушаме бенефитите од куркумата. Коренот од куркума е неизбежен дел во јужноазискиот и индискиот кулинарен свет, со својата живописна златна боја и богат вкус како клучна компонента во многу јадења. Но, тоа е повеќе од само интересен и силен вкус. Турмерик, или куркумата исто така, се користи за медицински цели во Индија од околу 500 п.н.е. Интегрално за ајурведската медицина, се сметало дека куркумата има природни лековити својства. Векови подоцна и остатокот од светот конечно се фаќа за овој суперѕвезда корен.
Меѓудругото, куркумата содржи моќни антиоксиданти кои се борат против воспаленија. Нанесете домашна паста од куркума во прав и вода директно на засегнатата област каде ја чувствувате болката.
Чајно дрво и кокосово масло
Науката открива дека маслото од чајно дрво е моќен антисептик, антиинфламаторно и антимикробно. Се користи за разни инфекции, за заздравување на рани и по каснување од инсекти. Се вели дека содржи многу лековити соединенија, меѓу кои најмногу се издвојува соединението терпинен-4-ол. Токму оваа супстанца се вели дека е најефикасна во уништувањето на разни штетни бактерии, вируси и габи.
Додека пак истражувањата покажуваат дека кокосовото масло помага при лечење на дерматит и друти кожни заболувања.
Така со нанесувањето на мешавина од масло од чајно дрво разредено во кокосово масло на засегнатата област, неколку пати на ден, ќе се намали инфламацијата.
Чај или екстракт од невен
Невенот е познат е по своите антифунгални и антимикробни својства. Натопете памук во млак чај од невен, а потоа притиснете го истиот на папокот во времетраење од 12 минути.
А доколку имате екстракт од невен, тоа е уште подобро.
Екстрактот од невен содржи неколку моќни антиоксиданси, вклучувајќи тритерпени, флавоноиди, полифеноли и каротеноиди. Екстрактот од невен кој се наоѓа во масла, масти и тинктури може да се користи локално за лекување на рани и чиреви. Можете исто така да го нанесете чајот на вашата кожа со помош на платнена облога или шише со спреј.
Кога да посетите лекар?
Закажете лекарски преглед доколку болката околку папокот трае подолго од 2 недели. Воедно, доколку ваквата болка е пропратена со потемна или црна столица, воедно и со повраќање крв, веднаш посетете лекар.
Третманот за болка околу папокот на стомакот ќе зависи од причината. Откако вашиот лекар ќе ја постави соодветната дијагноза, тој може да го предложи употреба на антибиотици, антивоспалителни лекови, специфична диета или во посериозен случај, операција.