Болка во половината: 14 причини и третмани
Според американските истражувања, болката во долниот дел од грбот или половината е најчеста причина за попреченост на работното место. Над 80% од луѓето ширум светот доживуваат болка во долниот дел на грбот во текот на нивниот живот.
Најчести причини за болка во половината и нивни симптоми
- Истегнат мускул: Мускулите и лигаментите во грбот можат да се истегнат или раскинат поради вишок активност. Симптомите вклучуваат болка и вкочанетост во долниот дел на грбот, како и мускулни грчеви.
- Хернијален диск: Познат и како лизгав или пукнат диск, се јавува кога ‘рскавицата околу дискот се придвижува кон ‘рбетниот мозок или нервните корени. Болката трае повеќе од 72 часа.
- Ишијас: Може да се појави со хернијален диск ако дискот го притисне ијатичниот нерв. Ишиатичниот нерв го поврзува ‘рбетот со нозете. Како резултат, ишијасот може да предизвика болка во нозете и стапалата. Оваа болка обично се манифестира како чувство на горење или иглички.
- Спинална стеноза: Кога ‘рбетниот столб се стеснува, вршејќи притисок врз ‘рбетниот мозок и’ рбетниот нерв. Се манифестира со вкочанетост, грчеви и изнемоштеност.
- Абнормално искривување на грбот: Може да биде сколиоза, кифоза и лордоза.
- Артритис: Воспаление на зглобовите.
- Фибромијалгија: Долготрајна болка и осетливост во зглобовите, мускулите и тетивите.
- Спондилитис: Воспаление на зглобовите помеѓу ‘рбетните коски.
- Спондилозата: Дегенеративно нарушување што може да предизвика губење на нормална структура и функција на ‘рбетниот столб.
- Проблеми со бубрезите
- Бременост, ендометриоза, полицистични јајници и рак исто така може да предизвикаат болка во половината.
Како да ја третирате болката во половината во домашни услови
Запрете ги вашите но-рмални секојдневни физчки активности на неколку дена и поставете ладна облога на половината во првите 48-72 часа, а потоа поставете топли облоги. Наместо да лежите на грб, обидете се да лежите на страна со свиткани колена и перница поставена меѓу истите. Топла купка и соодветна масажа исто така може да ви помогнат во ублажување на болката во половината.
Кога да посетите лекар?
Доколку болката трае повеќе од 72 часа, веднаш обратете се на лекар.