Главоболките се дефинираат како болка во кој било дел од главата. Разни видови на главоболка или други состојби можат да предизвикаат болки зад едното или обете очи, Покрај болка, главоболките во оваа област може да предизвикаат и чувствителност на светлина и непријатност во очите.

Најчести причини за болка зад очите и нивни симптоми

Причини за болка зад очите

  • Тензична главоболка: Настанува најчесто поради прекумерен стрес. Се манифестира со тапа главоболка, болка и притисок во челото и вратот. Може да се случи 2 пати месечно или доколку е хронична трае 15 дена во месецот.
  • Кластер главоболка: Не е познато поради што настанува. Се манифестира со неверојатно болна главоболка која може да трае 15 минути до 2 часа, црвени, отечени и прекумерено водени очи.
  • Мигрена: Настанува поради стрес на работното место или дома, недостаток на сон или прекумерена консумација на кофеин. Се манифестира со сензитивност на очите на светлина,  болка во очите, мачнина, вртоглавица, изнемоштеност, повраќање, заматен вид и промени во расположението.
  • Замор на очите: Настанува поради прекумерена изложеност на очите пред телевизиски и компјутерски екрани. Се манифестира со аутоимунолошко нарушување, нарушен вид, инфекција на очите и главоболка.
  • Синузит: Настанува како резултат на воспаление на синусите. Се манифестира со главоболка, затнат нос, болки во горните заби, изнемоштеност, општа болка на главата која се влошува кога ќе легнете.

Како да ја третирате болката зад очите во домашни услови

Домашен лек за болка зад очите

  • Тензична главоболка: Нанесете топла или ладна облога на вашиот врат и мускулите на рамената. Практикувајте топлка купка и ладна облога на челото. Масирајте го вратот за да ја намалите главоболката.
  • Кластер главоболка: Регулирајте го нивото на мелатонин со консумирајте на повеќе калциум, млеко, особено бадемово млеко. Практикувајте техники за правилно дишење и консумирајте магнезиум.
  • Мигрена: Избегнувајте брза и нездрава храна која е клучна во превенцијата на мигрените. Нанесете масло од лаванда или вдишете од истото да ја намалите болката. Консумирајте ѓумбир. Практикувајте јога.
  • Замор на очите: Почесто трепкајте за да ги освежите вашите очи, одмарајте ги очите, подесете ја светлината на екраните на уредите што ги користите и подесете ја светлината на просториите.
  • Синузит: Користете навлажнувач на воздухот, користете пареа за да го подобрите дишењето, поставете топла крпа на вашето лице, избегнувајте алкохол и консумирајте многу течности.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за болка зад очите

Доколку болката зад очите е необично остра, воедно е пропратена со главоболка, температура или необична чувствителност на светлина веднаш посетете лекар. Меѓу загрижувачките симптоми може да почувствувате вртоглавица и да искусите повраќање.

Во кратки црти

Иако болката зад очите не е невообичаена и се јавува многу често кај возрасните луѓе, особено жените и истата може да ја ублажите или спречите со релативно лесни и практични домашни третмани, сепак доколку искусите остра болка која трае многу подолго и се манифестира со необични симптоми, веднаш повикајте лекар.