Борбата со лебарките има крај! Пригответе им ја оваа смртоносна смеса и тие засекогаш ќе исчезнат од вашиот дом
Доколку сте се соочиле со лебарки во вашиот дом, тогаш најверојатно веќе знаете колку упорни може да бидат тие ужасни инсекти, што не е ниту чудо дека според научните тврдења, може да преживеат и радијација.
На пазарот денес постојат бројни средства за заштита од истите, кои ветуваат ефикасни резултати, но и самите тие средства се силно токсични, особено за вашите деца и милениците. Воедно, вообичаено таквите средства имаат краткотраен ефект од неколку недели, а потоа лебарките повторно се враќаат.
За денес ви подготвивме 4 совети, кои ќе ви помогнат брзо, ефикасно и засекогаш да се ослободите од овие несакани гости во вашиот дом, а во продолжение откријте кои се тие:
1. Чистота
Остатоците од храната, особено масните остатоци, најмногу ги привлекуваат овие паразите. Затоа обратете внимание на чистотата на вашиот дом, односно никогаш не оставајте масни и валкани садови во мијалникот во текот на ноќта и детално исчистете и фрлете ги остатоците од храна.
2. Пополнете и затворете ги сите пукнатини и дупки
Пукнатините во ѕидот, дупките во близина на цевките за вода се идеални места за миграција на лебарките, при што истите постојано ќе се движат напред-назад меѓу вас и домот на вашите соседи. Затоа едноставно пополнете и затворете ги сите пукнатини и дупки во вашиот дом.
3. Зададете им смртоносен удар
Измешајте борна киселина и шеќер во прав во сооднос 3:1 и насипете од смесата близу до ладилникот, радијаторите и цевките. Шеќерот во прав ќе ги привлече паразитите, но борната киселина ќе ги уништи.
4. Без вода
Важно е да знаете дека само неколку капки вода, откако го голтнале отровот се доволни за да лебарките преживеат. Затоа обратете внимание од чешмата во мијалникот и во бањата и во кујната да не капе вода, избришајте ги истите да бидат сосема суви, па дури сокријте ги и мокрите сунѓери на друго месо.