„Борбена Барби“: Храбрата убавица која служела 7 години во маринците, сега е ѕвезда на социјалните мрежи
Риана Конер пораснала на фарма како многу скромна девојка и имала голема желба да им се придружи на маринците. Таа служела во маринците 7 години, а сега е популарна на социјалните мрежи и споделува пораки во кои ги поддржува жените и ветува дека „ќе се бори за нив.“
Риана во многу од нејзините објави пишува дека е „жена на жените“ и поради тоа секогаш е тука за да сподели совет. Таа смета дека никој не е совршен па и таа самата. Потенцира дека има многу модринки на нејзиното тело кое ги добила од работата, но не се срами од тоа. Исто така вели дека не би „украла“ маж на друга жена бидејќи е верен пријател.
„Борбената барби“, како што ја нарекува поголемиот број на нејзините обожаватели исто така изјавила дека е многу романтична личност иако додека била била често влегувала во тепачки со момчињата.