Брачен пар со близначки кои имаат Даунов синдром, шири позитивна порака до останатите родители како нив
Млад брачен пар, кој неодамна се оствари во улога на нови родители, кои претходно откриле дека ќе имаат близнаци со Даунов синдром, сега шират позитивна порака до останатите родители кои минуваат низ истото.
29-годишната Рејчел Прескот и нејзиниот сопруг, 32-годишниот Коди Прескот, имаат 4 прекрасни деца, меѓу кои и близначки со Даунов синдром.
Иако состојбата на нивните девојчиња им носи многу предизвици на младите родители, парот е едногласен дека тие се благослов, а не проблем. И сега се обидуваат да ја прошират нивната позитивна порака за прифаќање на лицата со овој синдром, а порака со која се надеваат да допрат до останатите родители како нив.
Парот има двајца синови, 5-годишниот Естон и 3-годишниот Хадсон. Исто така, нивното семејство од неодамна го проширија двата нови членови, 15-месечните девојчиња Нети и Шарлот, која неретко ја нарекуваат Лоти.
Во 15-та недела од бременоста, парот дознал дека ќе има близначиња, но по неколку направени тестови, било утврдено дека девојчињата ќе се родат како носители на Даунов синдром.
„Бевме премногу возбудени порад веста дека ќе имаме близначиња. Но, морам да признаам дека чувството на страв беше многу застапено кога бременоста беше прогласена за ризична и кога се утврди дека бебињата имаат Даунов синдром. Но, тоа нам не ни пречеше. Уште тогаш знаевме дека тие девојчиња ќе бидат светлината во нашиот живот“- вели гордата мајка.
Идните родители одбиле детални тестирања за синдромот, но признаваат дека направиле тест за полот, бидејќи биле премногу љубопитни да дознаат дали ќе имаат повторно момчиња или девојчиња.
„Благословена сум со моите ќерки и најмногу од се, бев пресреќна бидејќи продувањето помина во најдобар ред и тие се родија без компликации. Сега тие се главни во домот. Исто како и сите мали бебиња. Си играат, слушаат и не слушаат, па знаат да направат неред во сојуз со нивните браќа. Тие се неверојатни паметни и вешти“- објаснува Рејчел.
Гордите родители упатуваат порака до сите останати родители кои имаат деца со Даунов синдром и да ги прифатат такви какви што се. Да се гордеат со нив и да им ја дадат сета љубов.
Според младите родители, за предизвиците на овој синдром треба јавно да се зборува и истиот да не се третира како нешто штетно, бидејќи и тие лица имаат чувства.