Брачен терапевт слави 40 години од својот брак и по тој повод открива едноставни, но важни работи кои секој брачен пар треба да ги знае
Повеќето луѓе се полни со надеж за бескрајна среќа кога стапуваат во брак. Млади, наивни и оптимистични, кои сметаат дека љубовта ќе ги реши сите проблеми.
Но, бракот бара вложување труд за сите препреки, па затоа добро е и на ум да се имаат неколку совети, од некој кој има вистинско, успешно и 40-годишно искуство за брачните води.
Терапевтото за љубовни парови, Винфред Рајли зборува за многуте работи кои ги научила за време на 40-те години брак со нејзиниот сопруг, а во продолжение откријте го рецептот за успешен брак:
- Имајте на ум дека вашиот брак е партнерство, а не ропство. Убаво е да бидете задоволно, но вашиот партнер не е обврзан да ги оствари сите ваши желби. Овој факт мора и двајцата да го прифатите.
- Важно е да преземате одговорност за сите тешки ситуации со кои ќе се соочите во текот на животот. Најлесно е да го обвините вашиот партнер, но тоа ниту е правилно, ниту здраво за вашата врска.
- Вие и вашиот партнер сте различни. Тоа може да го направи брачниот живот чудесен и возбудлив или и двајцата да ве излуди. Направете избор. Бидете флексибилни, отворени за промени и тоа ќе ви донесе брак исполнет со многу забава.
- Заборавете на зборовите „Зошто јас да го направам тоа, кога таа/тој не сака ништо да направи“, бидејќи на овој начин ќе останете заглавени во времето, чекајќи спротивната страна да преземе иницијатива. Ако навистина ви е важно, вие направете го првиот чекор. А доколку и на вашиот партнер му е грижа, ќе ви возврати на чекорот.
- Гледајте на конфликтите како можност за созревање, бидејќи во тие ситуации ќе дознаете кои се вашите квалитети и слабости. Вие не се карате за миењето на садовите или за доцнењето дома, туку за фактот дека ви е потребна помош, поддршка и разбирање од партнерот, но не знаете како всушност да ги побарате тие работи.
- Кога ќе водите бурен и напнат разговор, побарајте го мислењето од вашиот партнер. Со едноставното прашање „Што таа/тој мисли за ова“, ќе придонесе да се смират страстите и да се изладат вашите глави, со тоа што спротивната страна ќе се стави во кожата на партнерот и ќе ги разгледа работите од таа гледна точка. Истовремено вашиот партнер ќе се почувствува подобор, бидејќи се грижите и ви е важно неговото/нејзиното мислење.
- Но, кога ќе ги прашате за мислење, не го правете тоа колку да го поминете тој дел. Навистина послушајте внимателно што има да ви каже вашиот партнер. Ќе се изненадите колку важни работи сте испуштиле, бидејќи фокусот ви бил насочен кон неважни работи и кон лутината.
- Без да се каже, сите се свесни дека вкусот на победата е единствен. Но, тоа нема да трае засекогаш и на крај ќе бидете принудени да се соочите со работите што сте ги изгубиле. А тоа можат да бидат изгубени моменти на среќа кои сте можеле да ги имате со вашиот партнер, наместо моментите кои сте ги имале обидувајќи сè да докажете дека сте во право.
- Простувањето е нешто суштинско кое морате да го научите. Не мислете дека не постои работа за која нема простување, бидејќи и двајцата ќе направите океан од грешки. Полесно ќе се справите со истите, доколку запаметите дека и вие еден ден ќе погрешите.
- Доколку сметате дека во и двајцата морате подеднакво да вложите во буквално секоја ситуација, потребно е да уште еднаш да размислите за ова. Факт и нормално е дека понекогаш, едната страна ќе отиде чекор подалеку за својот партнер, бидејќи едноставно обраќа повеќе внимание на работите.
- Колку и да сте зафатени, никогаш не заборавајте размените бакнежи со вашиот партнер кога ќе си дојдете дома или пред да излезете. Таквите моменти на нежност ќе ги одржуваат постојано страстите меѓу вас.
- Понекогаш ќе почувствувате омраза, наместо љубов. Тоа е сосема нормално. Не избрзувајте со заклучоците и постапките. Наместо тоа, добро размислете зошто сте се почувствувале така и анализирајте ја вашата врска, откривајќи што е тоа што ве прави да се чувствувате несреќно.
- Не заборавајте дека секогаш постои избор. Можеби изгледа застрашувачки да направите чекор или да останете во истата ситуација, но изборот е ваш. Вие мора да одлучите што е најдобро за вас.
- Не е важно колку долго сте во брак или колку тешки станале нештата. Понекогаш се наоѓате во глупави и идиотски дискусии, кои всушност се безначајни и важно е да не дозволите тоа да влијае на вашиот однос.
- Животот ќе ви помине додека трепнете. Колку помалку време трошите на работите на кои нема да се сеќавате следниот ден, толку поисполнети и посреќни ќе ви бидат деновите.