Бренд се обиде да заплови во високата мода, но доживеа фијаско!
Дали би дале 5000 денари за следниот фустан?
Еден од најпознатите британски брендови, АСОС, привлече огромно внимание со нивната последна креација, но не внимание какво што планирале или сакале да привлечат.
Во обид да се биде што по оригинален и уникатен, дизајнерите од големата конкурнција не знаат очигледно што веќе да креираат, како што на пр. модната куќа Гучи пред некое време дизајнираше глави за модни аксесоари, односно моделите во раце ги носеа репликите од своите глави. Бизарно, но привлече внимание, иако негативно.
Сега по стапките на големите модни “генијалци”, и британскиот бренд се обиде да заплови во водите на високата мода, но набрзо нивниот моден брод беше “потонат” од бројните негативни и исмејувачки коментари на Интернет.
Спорниот дизајн на АСОС се состоеше од проѕирна наметка изработена од материјалот на кој не можеме да одолееме. Не, не е ниту свила, ниту кашмир, туку ни повеќе, ни помалку, фустанот е изработен од фолијата со меурчиња!
Креацијата е објавена на официјалната страна на брендот, а до истата е ставена и цена. Фустанот чини 80 евра, односно наши 4900 денари.
Што мислите? Дали би биле доволно смели да го носите фустанот, кој воедно се користи како наметка за плажа, но и пред се дали би имале срце да дадете толку пари?