Број 1 природен убиец на бактерии
Веројатно знаете дека медот има антибактериски својства. Но има еден мед кој се докажал како посилен од сите. Австралиските истражувачи откриле дека Манука мед ги убива бактериите поефикасно од кој и да е антибиотик. Во истражувањето спроведено во 2009 година, истражувачите откриле дека овој мед може да ги убие повеќето “супербактерии”, кои станаа отпорни на антибиотици. Оттогаш има голема побарувачка за овој мед.
Зошто Манука мед е № 1 убиец на бактерии
Отпорноста кон антибиотици е во пораст. Истражувачите велат дека бактериите стануваат резистентни на антибиотици, кога ги користиме редовно. Тоа значи дека повеќето антибиотици нема да ви помогнат во лекувањето на инфекции. Но, истражувачите откриле дека Манука мед може да ги убие сите бактерии, врз кои е тестиран. Дури и оние кои се покажаа дека се отпорни на антибиотици. Истражувачите веруваат дека метилклиоксал, соединение во Манука медот предизвикува слабост во системите на бактериите и на тој начин ги убива.
Манука медот има антивирусни, антибактериски, антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Користењето на Манука ќе го зајакне имунолошкиот систем и ќе го намали ризикот од болести како воспаление, дијабетес, рак, проблеми со варењето, висок холестерол и инфекции. Овој мед исто така е докажан дека е најефикасен во лекувањето на рани на кожата. Отпорноста кон антибиотици доведе до многу проблеми во денешно време, потребно е повеќе време раните да се излечат. Па, докажано е дека Манука лекува рани многу брзо.
Иако може да има недостаток од манука, тој е достапен во повеќето делови на светот. Бидете сигурни дека ќе купите автентичен мед, бидејќи има многу фалсификати.
10 употреби на Манука мед
- Третман на акни и егзема
- Третман на кариес
- Третман на воспалено грло
- Подобрување на квалитетот на сонот
- Лекување на рани и изгореници
- Спречување на воспаление на дебелото црево
- Третман на кашлица
- Третман на синуси
- Олеснување на гастритис
- Зајакнување на имунолошкиот систем