Брз и едноставен начин како да ја исчистите вашата машина за перење алишта
Следниот трик е брз и едноставен начин како да ја исчистите вашата машина за перење со помош на една природна состојка. Во продолжение откријте како тоа да го направите.
Извадете го филтерот од машината за перење и потопете го истиот во топла вода. Потоа користејќи стара четка за заби, отстранете ги сите наслаги што се наталожиле на површината на филтерот.
Исплакнете го со вода филтерот и вратете го назад во машината.
Повторно употребувајќи ја четката за заби, исчистете ја површината на гумената обвивка на внатрешната страна од вратата на машината.
Потоа, додадете 1 шолја бел оцет во барабанот и вклучете ја машината на највисоката возможна температура, без притоа да ставате облека во истата. Почекајте целосно да заврши циклусот на перење, а потоа отворете ја вратата и оставете барабанот сам да се исуши.
Следно, со влажна крпа избришајте го барабанот и гумените обвивки, како и површината на целата внатрешност.