Брз и лесен бабински трик како едноставно да ги исчистите фугите меѓу плочките
Бањата е најомразеното место за чистење на секоја домаќинка. Особено кога станува збор за фугите меѓу плочките, каде што задолжително се наталожува најголемата нечистотија и мувла.
Како резултат на тоа, плочките ја губат својата бела боја и блескав изглед и добиваат одреден вид на сиво-црна боја. Но, без грижи! Денес ви ја откриваме тајната како брзо и лесно да ја вратите белата боја на фугите, употребувајќи го следниот бабински метод.
Најпрво напрскајте ги фугите со лимонска киселина. Киселината ќе допринесе за елиминињата на секаков вид на габички и мувла, кои настанале и се наталожиле при фугите.
Следно исчистете ја нечистотијата, користејќи сунѓер или четка, при што истата ќе падне брзо и лесно.
Потоа земете парафинска свеќа (неопходно е да биде парафинска, а не вообичаен восок) и да започнете да ги триете фугите со восокот, така што ќе остане густ слој.
Во него се состои целата тајна.