Брз тест како да откриеме кое јајце е снесено од здрава кокошка
Во денешно време речиси повеќето луѓе се обидуваат да водат здрав начин на живот, хранејќи се најправилно што можат. И тоа е одлична вест, бидејќи токму храната значително влијае врз нашето здравје и нашата благосостојба.
Затоа неопходно е да сме сигурни дека храната што ја консумираме доаѓа од здрав извор. Земете ги на пример јајцата. Сите знаеме дека јајцата се здрав и корисен производ за нашиот организам.
Еве како со мал тест да определиме кои се најквалитетните јајца на пазарот.
Три различни пакувања
1. Фармерски јајца
Земаме јајце од првото пакување, купено директно од произведувачот, го кршиме во тавата. Јајцето целосно истекува од неговата лушпа, а жолчката има портокалова боја.
2. Земаме јајце купено од пазар
И второто јајце го кршиме во истата тава.
3. Јајце од супермаркет
И на крај го земаме јајцето од пакувањето купено од супермаркет. И тоа исто така го кршиме во истата тава.
Сите јајца се во заедничка тава. Обратете внимание на бојата на жолчката. Фармерските јајца имаат портокалова жолчка, а останатите две се бледо жолти.
Кој е правилниот избор?
Портокаловата жолчка е индикатор за присуство на ксантофили (пигменти кои содржат кислород од групата на картеноиди) и омега-3 масни киселини. Тоа укажува дека кокошката била добро хранета. Исто така, овој тип на јајце е богато со витамини А, Д и Е и бета-каротен, нешто што не може да се каже за останатите 2 јајца.