Брза и лесна бисквитна торта со вкус на лимон, која се топи во уста: 1 парче никогаш не е доволно
Кога ќе се спомне зборот торта, истиот нè асоцира на десерт чија подготовка ќе ни одземе неколку часа и притоа многу труд. Но не и овој пат!
За сите оние кои немате премногу слободно време и енергија, а би сакале да направите неодолив домашен десерт за вашите најблиски, денес ви го откриваме совршениот рецепт!
Брза и лесна бисквитна торта
Потребни состојки
- 4 јајца
- 120 гр шеќер
- 2 супени лажици рендана кора од лимон
- 1 литар пресно млеко
- 300 гр бисквити
- 60 гр пченично нишесте
Начин на подготовка
Додадете го млекото во тенџере, додадете ја ренданата кората од лимонот (Оставете малку од истата, за да на крај ја употребите како декорација) и така поставете ја смесата да се вари.
Во одделен сад, измешајте ги јајцата со шеќерот. Додадете дел од затопленото млеко во чаша и во истата растворете го нишестето и потоа додадете го во тенџерето. Во тенџерето, додадете ја и смесата со јајцата и шеќерот.
Непрекинато мешајте ја смесата, до добивање густа текстура. Оставете ја истата да се излади.
Премачкајте го дното на садот, во кој планирате да ја складирате тортата, со тенок слој од филот и одозгора наредете го првиот слој бисквити. Следно, одозгора повторно нанесете од кремот и продолжете да ги редите слоевите, додека целосно не ја завршите тортата.
На крај, површината на тортата декорирајте ја со остатокот од ренданата кора од лимон. Складирајте го десертот во ладилник да отстои 1 час, а потоа заедно со вашите најмили, насладувајте се на вкусното задоволство!