Брза и вкусна вечера со компири за секој џеб – Полевате, печете и за половина час фантастичниот вкус е готов!
Сакате брза и вкусна вечера? Еве една фантастична идеја за сочна потпечена вечера, со која ќе ги воодушевите вашите најблиски, а која може да ја сервирате и како прилог за месо и риба.
Брза и вкусна вечера со компири
Сакате брза и вкусна вечера? Еве една фантастична идеја за сочна потпечена вечера, со која ќе ги воодушевите вашите најблиски, а која може да ја сервирате и како прилог за месо и риба.
Servings: 4
Ingredients
- 200 гр свежи печурки
- 400 гр компири
- 100 гр кашкавал
- 5 јајца
- 1 глава кромид
- Половина литар пресно млеко
- Неколку чешниња лук
- По вкус сол, мелен црн пипер, зачини
- По вкус масло за јадење
Instructions
- Излупете ги компирите, измијте ги и исечете ги на мали коцки. Излупете го кромидот и ситно исечете го. Измијте ги печурките и исечете ги на мали парчиња.
- Најпрво, пржете ги компирите 5-7 минути во претходно загреана тава со масло за готвење, а потоа додадете го кромидот со печурките и пржете уште 5 минути. Посолете и додадете го згмечениот лук, добро измешајте ги состојките, а потоа отстранете ја тавата од оганот.
- Изматете ги јајцата во длабок сад, исипете го млекото врз истите и добро измешајте.
- Поставете ги зеленчуците во соодветен сад за печење и полејте ги со млечната смеса од јајца.
- Вклучете ја рерната на 190°C и штом истата ќе се загрее, поставите ги компирите
внатре да се печат 15 минути. - По 15 минути извадете го јадењето од рерната, нанесете рендан кашкавал одозгора и вратете ги компирите назад, да се печат дополнителни 10-15 минути.