Брза јаболкова пита – „Не сум верувала дека се прави толку лесно и едноставно!“
Речиси и да не постои некој кој не обожава јаболкова пита. Токму сега започнува и сезоната на ова чудесно овошје и затоа за денес ви претставуваме еден неверојатно вкусен и брз рецепт, кој буквално секој може да го приготви лесно!
Брза јаболкова пита

Servings: 4
Ingredients
- 300 мл млеко
- 200 гр пченично брашно
- 100 гр шеќер
- 2 големи јаболка
- 2 јајца
- По вкус цимет и ванила
Instructions
- Најпрво пригответе го тестото. Прво измешајте ги брашното, шеќерот и ванилата заедно, а потоа изматете ги јајцата и измешајте до добивање на соединета смеса. Потоа налејте го млекото и измешајте. Тоа е готово.
- Изберете керамички или стаклен сад. Премачкајте го со масло и наредете ги јаболката, кои претходно треба да бидат исечени на тенки парчиња. Нанесете одозгора цимет и по желба, шеќер. Одозгоре налејте го готовото тесто.
- Поставете ја питата да се пече околу 45 минути на температура од 190-200°C. Сервирајте со шолја топло кафе или чај.