Брзо и вкусно: Печени јуфки готови за еден час
Јуфките се традиционални македонски тестенини, кои многумина жени сеуште ги прават во домашни услови. Иако во последно време можат да се купат и готови, но традиционалниот вкус е сепак незаменлив. За ова јадење нема потреба да вложувате многу труд.
Потребно:
- 500 гр. јуфки
- 1 л. кисела вода
- 2 јајца
- сирење по желба
Зачини: сол по желба
Потребно време за подготовка: 1 час
Во длабока тава за печење истурете ги јуфките, прелијте ги со 1 литар кисела вода, додадете масло или путер по желба и поставете ги во загреана рерна на 200 степени. Се печат додека водата не испари, пред крајот се полеваат со смеса од јајца, по желба и со сирење.