Брзо и вкусно: За оваа пица не ви е потребно посебно тесто
Во последно време се почесто се случува да се прават брзи јадења, како би се заштедило време. Пицата е едно од омилените брзи јадења, ја сакаат и малите и големите. По оригиналните рецепти тестото за пица треба убаво да се замеси за да ја добие посакуваната мека и сочна структура. Ви претставуваме еден алтернативен начин, како да направите вкусна пица од намирниците кои ви се наоѓаат при рака.
Потребно:
- 10 кришки стар леб
- кашкавал
- шунка или сувомеснато по избор
- кечап и павлака по желба
Зачини: сол, оригано, мелен бибер по желба
Потребно време за подготовка: 30 минути
Во тава за печење распоредете ги кришките леб по целата површина, понатаму редете ги состојките по добро познатиот редослед. Додајте кечап, зачини, кашкавал, сувомеснати производи по желба и поставете ја тавата во загреана рерна на 200 степени. Се пече се додека не се растопи кашкавалот и не добие фина структура.