Иницијативата беше објавена во новата видео кампања на 15 Април, кога САД го зајакна поривот за вакцинација, а луѓето полека почнуваат да се враќаат на дружбите и социјалниот живот.

„Едвај чекаме да ги видиме нашите пријатели, но ајде да го сториме тоа безбедно“, се вели во видеото.

Процесот е релативно едноставен, оние кои имаат вакцина против коронавирус можат да испратат доказ, како што е налепницата „Јас се вакцинирав“ или селфи  дирекно од пунктовите за вакцинација на ABeerOnBud.com пред 16 Мај.

Потоа, производителот на пиво како подарок ќе испрати  картичка од 5 долари, за да ја покрие цената на едно пиво. Сепак, ентузијастите од Будвајзер треба да бидат брзи, бидејќи понудата е отворена само за првите 10 000 луѓе што ќе се пријават.

Понудата е отворена за сите над 21 година во САД, со исклучок на луѓето во Тексас, Калифорнија и Алабама.