Бујно цветање и раскошно зеленило може да очекувате уште на пролет, доколку ги полевате растенијата со оваа домашна смеса
Секое растение е потребно од време на време да биде потхрането, а ова е особено важно да се прави во текот на вегетативниот и период на нивното цветање.
За да го стимулирате и зголемите растот и цветањето на дури и најкревкото растение ќе ви помоне обичниот квасец. Во продолжение прочитајте како да ја приготвите домашната смеса со истиот.
Домашна смеса за зголемен раст и раскошно цветање
Потребни состојки
- 10 гр квасец
- 1 супена лажица шеќер
- 1 л топла вода
Начин на подготовка и употреба
- Растворете го квасецот во вода, додадете го и шеќерот и добро измешајте ги состојките. Оставете ја смесата да отстои 2 часа.
- Приготвениот раствор се разредува со вода, во сооднос 1:5
- Со добиената смеса се полеваат растенијата еднаш месечно во текот на есенско-зимскиот период и еднаш на секои 10 дена во текот на пролеттниот и летен период.
Фитохормоните и витамините од групата Б кои се содржат во квасецот активно ја стимулираат клеточната делба и го поттикуваат растот на растенијата. Оваа смеса ја користат дури и професионалните цвеќари.