„Чајот од банана, со кој заборавив на проблемите со нервите. Уште штом ќе го помирисам, заспивам за секунда“
По часови вртење во креветот и фактот дека не преостанува многу време пред да се активира вашиот аларм, едноставно веќе се чувствувте исцрпени поради нарушениот сон.
Несоницата и неквалитетниот сон може да резултира со сериозни последици за здравјето.
Доколку и вие соочувате со ваков проблем, тогаш пробајте го следното едноставно, но неверојатно ефикасно домашно средство против несоница, на база на банана.
Чај од банана
Чајот од банана не е само обичен напиток со егзотичен мирис и пријатен вкус на карамела. Тој содржи големо количество на калиум, кој го регулира крвниот притисок и магнезиум, кој помага во опуштање на мускулите. Витаминот Б6 пак, го стабилизира нервниот систем и ги обновува механизмите за регулирање на сонот.
Покрај тоа, додавањето на цимет ќе помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта, што е од клучна важност во вечерните часови.
Потребни состојки
- 2 банани
- 2 прстофати цимет
- 600 мл вода
Начин на подготовка
Сварете ја водата, а потоа додадете ги излупените (по ваша желба) банани. Варете 10 минути. Следно, додадете го и циметот и оставете го чајот под капакот уште дополнителни 5 минути. На крај добиената смеса прецедете ја и додадете го чајот во шолји.
Топлиот чај може да го засладите со малку мед. Потребно е напитокот да го консумирате 40 минути пред спиење.