Чистејќи го својот дом, семејство го најде своето домашно милениче, исчезнато од 1982-та година
Во 1982 година, семејството Алмеида кои живеат во Рио де Janeанеиро, Бразил, не можеле да го пронајдат нивниот миленик – желка, откако градежните работници кои во тоа време работеа на куќата, ја оставија влезната врата отворена премногу долго отворена.
Со скршено срце, семејството ја бараше желката долго време, а откако целата потрага беше без успех, тие едноставно претпоставија дека заминала во шумата близу нивниот дом и дека никогаш повеќе нема да ја видат.
30 години подоцина, во 2013-та година, таткото Лионел Алмеида починал. На вториот кат од куќата, тој просторот го одржувал за складирање, при што чувал речиси сè, од стара електроника до стар мебел и безброј непотребни документи.
Бидејќи нередот заземаше голем дел, неговите деца решија дека е време да го средат хаосот.
Кога синот Леандро извади кутија со стар уред од еден од скадовите, соседот кој дошол да им помага, на шега ги прашал дали сакаат да ја исфрлат и желката што се наоѓа во кутијата. На изненадување на сите присутни, тоа беше Мануела, нивната желка која толку долго ја бараа во минатото.
„Ја ставив кутијата на тротоарот за да се собере ѓубрето, а соседот рече:„Дали ќе ја исфрлите и желката исто така?“. Погледнав и ја видов. Во тој момент станав бел, едноставно не можев да верувам во тоа што го гледав.“- изјави Леандро за локалната бразлиска телевизија.
Благодарение на нејзиниот вид, желката успеала да издржи толку многу време сокриена, без храна и вода.