Чивава со прекумерена тежина која морале да ја возат во количка, сега конечно ослабна, а ова се резултатите
Ниту на милениците не им е лесно во борбата со вишокот килограми!
15-годишниот Клетус, куче од расата чивава, од Флорида, целиот свој живот страдал од прекумерена тежина, откако постојано бил хранет со грицки, уште од кога бил мал.
Кучето, кое достигнало тежина од 16 килограми, што за неговата раса е премногу, имало многу малку енергија и никогаш не сакало да излезе надвор. Како резултат на неговата состојба, неговиот сопственик Остин Ли бил приморан да го вози Клетус во количка, за време на нивните прошетки во природа.
Оваа ситуација траела вака, се додека Лора Нортон, девојката на Остин не се вселила во нивниот дом. Лора по професија е ветеринарски техничар и таа била која донела одлука дека мора да се направат промени во животот на Клетус.
Во Јуни, минатата година, по лекарските прегледи кај Клетус било откриено дека тироидната жлезда не функционира како што треба и затоа тој воопшто немал енергија ни да се движи.
По дадената соодветна терапија, следниот чекор бил да се промени и детата на прекумерената чивава. Започнале да го хранат само двапати дневно, а притоа внимавале многу каква храна му даваат и од кој бренд.
По само неколку недели, започнале да се забележуваат промените кај миленикот. Клетус го променил своето долгогодишно безволно расположение и сега започнал да се радува и да ги поздравува сопствениците кога ќе си дојдат дома.
Набрзо, покрај во распложението, се покажале и резултатите во физичкиот изглед. Од некогашната тежина од 16 килограми, сега Клетус тежи 7 килограми и е едно многу среќно кученце!