Чоколаден чизкејк без печење – Кралот на сите десерт и по вкус и по изглед
Многумина го избегнуваат правењето на чизкејк, бидејќи по правило е посложен десерт за правење, но не и нашиот чоколаден крал! Денес ви го подготвивме најлесниот и највкусен рецепт за чизкејк!
Чоколаден чизкејк без печење
Многумина го избегнуваат правењето на чизкејк, бидејќи по правило е посложен десерт за правење, но не и нашиот чоколаден крал! Денес ви го подготвивме најлесниот и највкусен рецепт за чизкејк!
Servings: 4
Ingredients
- 300 гр бисквити со вкус на какао
- 100 гр путер
- 400 гр крем сирење
- 150 гр шеќер во прав
- 400 гр млечно чоколадо
- 200 мл павлака
Instructions
- Сомелете ги бисквитите на ситни тронки. Растопете го путерот и измешајте го со бисквитите. Добиената смеса поставете ја на дното на соодветен сад и распоредете ја подеднакво на целата површина. Оставете да се излади во ладилникот на 1 час.
- Растопете 250 гр чоколадо. Изматете го сирењето, а потоа во истото додадете ги шеќерот и чоколадото. Изматете 100 мл павлака одделно и додадете кон претходната смеса, а потоа додадете ја во садот и исто подеднакво распоредете ја.
- За глазурата, растопете го преостанатото чоколадо и измешајте го со 100 мл павлака.
- Покријте го чизкејкот со добиената глазура и поставете го десертот во ладилникот, да се излади 4 часа. Пред неговото сервирање може да го декорирате со какао и чоколадо.