Чоколаден колач со тројно сочен вкус – Идеален избор за десерт додека го пиете вашето кафе
Следниот тројно чоколаден десерт е вистински кулинарски рај за љубителите на вкусот на какаото. Совршено сочната структура и чоколадната глазура ја даваат идеалната комбинација и избор додека го пиеме кафето.
Чоколаден колач со тројно сочен вкус
Следниот тројно чоколаден десерт е вистински кулинарски рај за љубителите на вкусот на какаото. Совршено сочната структура и чоколадната глазура ја даваат идеалната комбинација и избор додека го пиеме кафето.
Servings: 4
Ingredients
За тестото
- 210 гр брашно
- 35 гр какао
- 180 гр шеќер
- Прстофат ванила
- Половина кафена лажица сол
- 10 гр пециво
- 240 мл пресно млеко
- 75 мл масло за готвење
За глазурата
- 1 чоколада
- 3-4 супени лажици пресно млеко
- 20 гр кокосови трошки
Instructions
- Исипете ги брашното, шеќерот, какаото, пецивото, прстофат сол и ванилата во длабок сад и добро измешајте ги сите состојки заедно со маталка. Потоа додадете го млекото и маслото и измешајте до добивање една соединета смеса.
- Изберете сад за печење со дијаметар од 20 цм, покријте го неговото дно со хартија за печење и премачкајте ја истата, како и ѕидовите со масло за готвење.
- Во садот исипете го тестото, порамнете и поставете го десертот да се пече 45 минути во претходно загреана рерна на 170°C. Проверете колку колачот е готов со чепкалка за заби.
- Следно, сварете околу 50 мл какао (какао со вода и малкушеќер) и исипете го врз површината и страните на колачот.
- Искршете ја чоколадата во сад, додадете 3-4 супени лажици пресно млеко и растопете ја смесата во микробранова печка до добивање една хомогена смеса, а потоа полејте ја глазурата врз колачот и нанесете ги кокосовите трошки.